(ВИДЕО) Бојко Борисов на вонреден состанок во Брисел: Се надевам дека ќе има договор

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес и утре е во официјална посета во Брисел поради претходно свиканиот вонреден состанок на Европскиот совет.

„Ова е исклучително важен состанок. Искрено се надевам дека, и покрај разликите, ние денес ќе постигнеме договор“, соопшти Бојко Борисов за бугарските медиуми.

Премиерот на Бугарија учествува на вонредниот состанок организиран од ЕС денес и утре во белгиската престолнина, ова е прва средба лице-в-лице на европските лидери од почетокот на пандемијата со коронавирус каде претседателите на државите и владите разговараат за „Европскиот план за обнова како одговор на кризата со Ковид-19“, во која се вклучени повеќегодишната финансиска програма 2021-2027 и инструментот „Следна генерација“ на ЕУ.

„Кохезијата и заедничката земјоделска политика остануваат приоритет за Бугарија, а нашата земја ќе инсистира на нивно амбициозно финансирање“, објави владината служба.

Бугарската држава го дефинира предлогот на Европската комисија од 27 мај како „избалансиран“, со оглед на сериозните предизвици кои се појавија поради пандемијата. Приоритет за државата е европскиот фонд да обезбеди средства за промоција и развој на зелени енергетски капацитети во региони каде што досега не постоеле истите или биле во помал обем.

Пристигнах в Брюксел, където днес и утре ще се проведе заседание на Европейския съвет. На него с европейските лидери ще обсъдим Плана за възстановяване на Европа, както и бюджета на Съюза до 2027 г.

Posted by Boyko Borissov on Петок, 17 јули 2020

„На Европската Унија и треба единство од било кога, заедно ќе се бориме против кризата предизвикана од коронавирусот. Сигурен сум дека ќе најдеме разумен компромис“, рече премиерот Борисов.

Борисов подоцна разговараше со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Бугарскиот премиер му честиташе за интензивната работа и напорите за изнаоѓање консолидирано решение на Европскиот план за обнова. Двајцата се согласија дека изнаоѓањето на работни решенија и постигнување договор бара напорна работа и политичка волја од страна на сите земји членки. Премиерот Бојко Борисов на средбата истакна дека таквите заложби се во интерес на сите европски граѓани.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Почина бугарскиот патријарх Неофит