ВИДЕО: Авион принудно слета на автопатот кај Загреб

Од:

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбовска и Рамна Гора авионот од типот „цесна 150 М“ слета сред сообраќајна лента.

Возачите на автопатот го снимија моментот на принудното слетување.

-Почна да кружи над нас, се спушти многу ниско, но и понатаму мислевме дека е тоа нормално, тогаш сфативме, па тој навистина тука ќе слета!Малку се изврте по средината на патот додека со десното крило не ја погоди оградата и застана во лентата за застанување. Од авионот излегоа маж и жена преплашени – велат очевидци.

Од Хрватскиот автоклуб информираат дека според првичните информации нема повредени во инцидентот, за кој известуваат како за сообраќајна несреќа во правец на Риека, поради што се вози во една сообраќајна лента.

Засега нема информации за околностите зошто авионот, кој има мало оштетување на „носот“, мораше принудно да слета.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он