ВИДЕО: Антиваксери упаднаа во студио на РТВ Словенија, инцидентот пренесуван во живо

Од:

Противниците на епидемиолошките мерки и вакцинацијата во Словенија во петокот вечерта упаднаа во просториите на РТВ Словенија и во студиото за информативна програма.

Демонстрантите со недели се собираат пред зградата на јавниот сервис, протестирајќи против се што има врска со пандемијата на коронавирус, пишува хрватски „Дневник“.

Под водство на Ладислав Троха, водач на движењето ОПС, спротиставувајќи се на мерките за ограничување на ширењето на вирусот, демонстрантите вчера вечер околу 20:30 часот упаднаа во РТВ Словенија. Тие делеа летоци со нивните барања.

Новинарката Барбара Видмајер објави видео од инцидентот на Твитер, а движењето го прикажа упадот во просториите на јавната телевизија на својот профил на Фејсбук.

Полицијата интервенираше отстранувајќи 20-на демонстранти кои не носеа заштитни маски, објави РТВ Словенија.

Против прекршителите ќе се преземат мерки во согласност со законот, извести словенечката полиција.

Генералниот директор на РТВ Словенија Андреј Грах Ватмоу рече: „Тоа е тежок напад врз нашата куќа и јавните медиуми, што најостро го осудуваме“.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он