ВИДЕО: Американски војници го засилија италијанскиот контингент на КФОР во Лепосавиќ

Од:

Американскиот КФОР пристигна како засилување во Лепосавиќ, а нивните војници им се придружија на припадниците на италијанскиот контингент кои се пред општинската зграда.

Претставниците на Србите, поранешниот градоначалник на Лепосавиќ Зоран Тодиќ, членот на Претседателството на Српската листа Славко Симиќ и шефицата на општинската администрација Радмила Вукиќевиќ на новинарите им рекоа дека од КФОР им било кажано дека го зголемиле присуството „поучени од вчерашната ситуација во Звечан“.

Симиќ и Тодиќ претходно денеска разговараа со командантот на американскиот КФОР, кому повторно му ги пренесоа барањата специјалната единица на косовската полиција да се повлече и новоизбраниот градоначалник Љуљзим Хетеми да ја напушти зградата на општината, каде што е од вчера. .
Тодиќ истакна дека Србите собрани пред зградата на општината не сакаат никакви инциденти, туку само да се погрижат непречено да работат во нивните институции и да имаат нормален живот.

Командантот на КФОР рече дека сакаат се да заврши со дијалог и дека на градоначалникот ќе му ги пренесат загриженоста и барањата што Србите ги искажале и дека се надеваат дека се ќе се реши на мирен начин.

Тој изјави дека се присутни и за да не дојде до ескалација на ситуацијата како што се случи во Звечан и да дејствуваат како посредник за да се дојде до мирно решение.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Влада: Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата КФОР во Косово

КФОР: 200 британски и повеќе од 130 романски војници пристигнаа на Косово

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски