(ВИДЕО) Гренел: Неверојатна ноќ во Белград, Србите и Американците пеат за Алабама и Западна Вирџинија

Од:

Неверојатна ноќ во Белград, напиша специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, на својот Твитер профил.

„Србите и Американците во Белград пеат за Алабама и Западна Вирџинија, тоа е неверојатна ноќ“, напиша Гренел.

На видеото кое Гренел го снима може да се види како тој се наоѓа на брод и седи на иста маса со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и другите претставници на САД и Србија.

Во вторникот американската делегација предводена од извршниот директор на Американската корпорација за меѓународен развој (ДФЦ), Адам Болер, се состана со претседателот и премиерката на Србија.

По состанокот, Брнабиќ и Болер потпишаа заедничка изјава и симболично ја отворија канцеларијата на ДФЦ во Белград, а членовите на американската делегација, исто така, се состанаа со претставници на српските и косовските стопански комори во американската амбасада во Белград, најавувајќи формирање на заеднички проектен тим за економски развој.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Од нас се бара признавање на Косово, санкции за Русија, Западот сака марионетски режим во Србија

Ковачевски: Одбележувањето на Свети Сава за нас и за нашата држава е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка