ВИДЕО: Актерката Светлана Бојковиќ застана пред камион, не дозволи отпад да заврши покрај Дунав

Од:

На снимката објавена на Твитер денеска, се гледа познатата српска актерка Светлана Бојковиќ, која застана пред камионот што требаше да истури градежен отпад на местото Бара Рева, на левиот кеј на реката Дунав во Белград.

73-годишната актерска легенда им се приклучи на граѓаните што живеат близу Бара Рева и кои со денови протестираат во одбрана на природата и своето здравје.

Бара Рева, некогаш позната како оаза на природата, денес е претворена во дива депонија и се заканува да прерасне во еколошка катастрофа.

Граѓаните со денови протестираат поради истовар на градежен отпад на ова место, а вреќите со отпад ги однесоа и пред Градското Собрание.

Додека за овие граѓани станува збор за екоцид, за белградскиот Секретаријат за заштита на животната средина, на ова место привремено е дозволено да се истоварува земјата од ископ и градежниот отпад.

Оваа институција ги уверува граѓаните дека отпадот не е опасен, иако за тоа нема приложено документи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов