Ветер, грмотевици и град во Словенија и Хрватска

Од:

Словенија и Хрватска попладнево се зафатени од невреме проследено со силен ветер, грмотевици, дожд, а на некои места е забележан и град.

Вво Словенија само за неколку часа температурите паднаа за околу 10 степени, а во поголем дел од државата врнежите од дожд преминаа во снег.

Поради град има проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот меѓу Марибор и Цеље.

Метеоролошките служби во Хрватска пак известија обилни врнежи и грмотевици на повеќе места во државата, посебно во централниот дел. Најавите се дека во текот на ноќта, поради продор на студена воздушна маса од север, врнежи од дожд ќе преминат во снег.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски