Вештак со стручно мислење за момчето-убиец од Врачар: „Веруваше дека е подобар од сите, а потоа стави маска“

Од:

Откако во средата во полиција беше сослушана мајката на момчето (13), кое на 3 мај во основното училиште „Владисалав Рибникар“ уби деветмина негови другари и училишниот чувар Д.В.(51), а повреди уште петмина, некои детали за животот на ова семејство излезе на површина, а оттогаш се наметна прашањето: „Како е можно мајката и таткото да не забележале што прави нивниот син?“.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека го презело случајот со мајката на момчето и дека е покрената прелиминарна истрага за да се утврди дали тинејџерот бил малтретиран и запоставен во семејството. Според српски Курир, мајката со часови зборувала во полиција за односот со синот, неговото однесување, набљудувањата, а наводно рекла дека дел од „чудните“ однесувања на синот го припишува на пубертетот.

Д-р Љубиша Божиќ, специјалист по судска медицина и судски вештак, за Курир објаснува дека врз основа на досега достапните информации, може да се заклучи дека момчето не добило доволно внимание од луѓето околу него во клучните моменти, пред да се изведе планот за криминал. Тој посочува дека изјавата на мајката е важна за истрагата, но дека нема да го најдеме кај неа виновникот за масакрот што се случи.

– Вистина е дека мајката можела да реагира доколку забележи дека нешто не е во ред, а би видела доколку максимално се фокусирала на момчето. Меѓутоа, промените кај децата на таа возраст се чести и логично е тоа да се припише на пубертетот, но никој не го познава вашето дете подобро од вас и доколку фокусот беше на него, можно е многу работи да беа поинаку – вели д-р Божиќ за Курир.

Според неговите зборови, момчето не се однесувало ниту како 13-годишник, а, како што додава, своето однесување кон најблиските го променило токму кога го смислил пеколниот план.

– Во главата има 20 години, нема дилема. Се однесува и размислува како дваесетгодишник. Барал внимание од околината, родителите, пријателите, а кога видел дека не реагираат на него онака како што тој би сакал, во тој момент почнал да кова план и „да става маска“ – вели соговорникот.

Како што понатаму објаснува д-р Божиќ, момчето почна нормално да се однесува кон родителите и пријателите кога испланирало се.

-Тоа го направи најверојатно затоа што не сакаше да се истражи неговото однесување и да му се уништи планот. Она што се изразуваше во неговото однесување е чувството дека е поинаков – вели соговорникот на Курир и додава дека бил особено нарцисоиден.

– Момчето, што се виде порано во однесувањето кон другарите во училиштето, беше убеден дека е различен од сите, но во смисла дека е подобар. Тој беше свој идол и тоа е нешто што го научи во неговата примарна средина – додаде тој.

Според него, момчето било негов сопствен најголем проблем, а запоставувањето од страна на родителите во овој случај не може да се сфати како буквално, бидејќи тоа било пред се во главата на момчето.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски