Венизелос: Ципрас има мнозинство и за Договорот од Преспа и за доверба на Владата

Од:

Поранешниот претседател на ПАСОК и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос смета дека грчкиот премиер ги направил неопходните чекори и има мнозинство во Парламентот и за ратификација на Договорот од Преспа и за доверба на Владата.

– Мислам дека господинот Ципрас беше многу циничен и многу јасен во неговото последно интервју. Очигледно е дека регулирал, направил контакти, го сторил т.н. „грабнување“ на пратеници од Независни Грци, се приклучија и други пратеници од помалите партии, што се без традиција и без вредности, па така има мнозинство и за ратификација на договорот и мнозинство за гласање доверба, рекол поранешниот лидер на ПАСОК, во кусата изјава од Солун пред почетокот на промоцијата на неговата книга, пренесува АНА-МПА.

Венизелос додал дека она што го интересира Ципрас, „не е вистинскиот демократски легитимитет, вистинскиот однос со општеството, туку само да го продолжи останувањето на власт, што е на товар на перспективите за закрепнување на земјата“.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен