Преговорите меѓу Белград и Приштина најверојатно ќе бидат ставени на пауза неколку месеци, а следната 24-та рунда од бриселскиот дијалог може да биде одржана најрано во текот на есента, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“.
Властите во Белград чекаат покана од Брисел, каде беше потврдено дека засега нема планови за нова средба на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, додава весникот.
Главна причина за „замрзнувањето“ на дијалогот се престојните избори на Косово, поради што е малку веројатно оти Владата во Приштина, додека е во технички мандат, ќе се согласи да парафира какви било договори во Брисел, пишува „Вечерње новости“.