Регионот на Западниот Балкан за Европската унија е стратешка област и посебно во времето кога Европа се соочува со миграцискиот притисок треба тој да се одржува стабилен, сметаат министрите за надворешни работи на Чешка и Хрватска Лубомир Заоралек и Миро Ковач, кои се сретнаа во Прага.
– Двете земји се согласуваме, дека е многу важно да се поддржува политиката за проширување за областа на западниот Балкан, оцени Заоралек, јави дописникот на МИА.