Васкопулос: Грција е во нирвана

Од:

Павле Филипов Васкопулос, лидер на партијата на Македонците во Грција – Виножито, во неделното интервју за Радио слободна Европа вели дека новата грчка влада е всушност ново-стара влада.

„Во оваа ситуација во која се наоѓа Грција, општеството се наоѓа во нирвана, системот се наоѓа во шок, воопшто не се зборува за овие теми за националните прашања, без разлика дали е за односите со Турција, со Македонија, со другите соседни земји, тешко ќе биде. За мене ќе биде изненадување ако има напредок веднаш, надвор да се направи некое решение и да се реши оваа работа, уште повеќе со оваа структура. Мислам дека е познат ставот на Самарас и на старо новата структура и тешко е вие да очекувате дека новиот премиер Самарас ќе направи страшна реформа“, вели Васкопулос.

Најпринципиелно, вели, сакаме да имаме еквидистанца со сите политички, партиски структури во Република Македонија за да бидеме коректни и да бидеме сите добри и да делуваме конструктино. Не сакаме да зборуваме агресивно за Егејска Македонија, за не знам Бело Море, за Беломорска Македонија, проблеми со неослободување, окупации и за слични такви работи, не сакаме да ги сервираме. Најлесно е , спред Васкопулос, некој човек на некој начин да флертува националистички со такви идеологии, да зборува за борби за големи Македонии, и прашува -на крајот што?

„ Кога станува збор за возбудување на национална свест на било кој народ, најлесно е и да кажам може да се шири на било кое население, кога лесно се флертува со славното минато, што е атрактивно за било кој граѓанин. И ако јас лично и ние во Виножито воопшто не ја сопираме македонштината ни во антиката, ни во средeн век, ни во словенството, ни во предсловенството, ни во праисторијата. Кога станува збор за антиката, за тоа нека се расправаат научниците, научните институции, има што да се расправа за овие теми.Па и Грција, истата таа држава, многу децении делува, манипулира, искористува од минатото и што прави во суштина – бира дел од тој мозаик од минатото, конкретно за македонштината, цело време ја сервираа таа идеологија. Еден Грк, Македонија автоматски го асоцира на Античка Македонија и тоа со децении се учи во грчките школи дека Античките Македонци се грчко племе, вели Васкопулос во интервјуто.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски