Варвициотис: Грција нема да го олесни пренесувањето нафта во Сирија

Од:

Ние нема да му го олесниме патот на иранскиот танкер да стигне до Сирија, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис во интервју за утринската информативна емисија на грчката телевизија „Антена“.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија надлежен за европски прашања, објасни дека Грција не сака, во никој случај, прашањето со танкерот, да влијае врз односите со САД, jави дописничката на МИА од Атина

-Бевме под притисоци, постојат конкретни барања, кои беа пренесени од американските власти, рече Варвициотис.

Тој додаде дека танкерот како дестинација го објавил пристаништето во грчкиот град Каламата, но истакна дека „во меѓународната навигација тоа не значи ништо“.

-Ние испративме порака, мислам дека е јасна, дека ние, во никој случај, не би сакале да го олесниме пренесувањето нафта во Сирија, истакна алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Варвициотис објасни дека станува збор за огромен брод, а ниту едно грчко пристаниште нема капацитет да прими толку голем танкер.

-Овде разговараме за VLCC, тоа е very large crude carrier. Тоа значи дека е брод кој е над 133 илјади тони, еден многу голем брод. Нема шанси да стигне до пристаниште, не може да стигне, не може да доплови на ниту едно грчко пристаниште. Не постои пристаниште во Грција кое може да прими VLCC, вели Варвициотис и додава дека танкерот може да влезе во грчките територијални води и може да се закотви некаде, а доколку се случи тоа, тогаш ќе видат како ќе реагираат.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија истакна дека од владата на Иран не добиле никакво барање и додаде дека станува збор за бизнис активност.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен