Варвициотис: Добар или лош, Договорот од Преспа е тој, времето не се враќа назад

Од:

На начинот на кој францускиот претседател Емануел Макрон политички управуваше со прашањето на Европскиот совет, во суштина се најде наспроти нашите национални интереси, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за емисијата „Брејнсторминг“ на грчката телевизија „Aкцион 24“.

– Господинот Макрон го блокираше процесот на проширување, господинот Макрон не се занимаваше со Преспа, ова го велам бидејќи слушам различни противници на Договорот од Преспа. Господинот Макрон на начинот на кој политички управуваше со прашањето на Европскиот совет, во суштина се најде наспроти нашите национални интереси, објасни Варвициотис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на Договорот од Преспа, тој вели дека има „опашки“, но и истакнува дека „добар или лош, договорот е тој, времето не се враќа назад“.

Варвициотис коментира дека „е лудо“ тоа што Атина и Скопје се договорија за текст, а како „условеност е ставена Европската унија без да биде потписник“.

– Во член 1 параграф 10 и 11 се вели дека што се однесува до употребата на документите во внатрешноста, ќе постои преоден период од пет години, а во однос на новите документи овие ќе се менуваат со отворањето на поглавјата на пристапниот процес. Ова е јасно кажано и е грешка во договорот, грешка е. Тоа им да дава право на соседите да одлагаат, да не го спроведуваат она што требаше да го спроведат од 12 август, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

На прашањето што ќе се случи доколку на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ и не го почитува Договорот, Варвициотис вели дека тоа ќе ја одведе и Атина „кон поразличен став во рамките на Европската унија“.

Би можело да ве интересира

Советник на Бајден: САД треба да се поактивни на Балканот заедно со ЕУ

А1он

Пецас: Не постои никаков проблем околу ратификацијата на трите договори со Северна Македонија

Ана Ололовска

Ципрас ѝ препорача на актуелната грчка Влада да се придржува до Договорот од Преспа

Ана Ололовска

Ципрас: Мицотакис им должи извинување на Грците што ги измами и ги наполни со лаги, омраза и поделби за Договорот од Преспа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Промовиран Преспа форум за дијалог – проект бренд на нашата држава

Ана Ололовска

Во село во северна Грција подигнат споменик за протестите против Договорот од Преспа

Ана Ололовска