Вархеји уверува: „Нон-пејпeрите” не се вистинити

Од:

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска престојуваше во Тирана, новинарите го прашаа и околу „нон пејпер” за промена на границата меѓу Србија и Косово.

Вархеји рече дека овие вести не се вистинити бидејќи сите знаат каде ќе ги однесе повторното поставување на граници, додавајќи дека ниту една сериозна личност не би поставила ваква тема за дискусија.

– Ова е како годишно време во кое гледаме како цутат вакви документи. Интересно е кога ги слушаме овие вести, иако сме убедени дека тоа се лажни вести. Но, доколку беа вистинити ќе беа вознемирувачки зашто повторното обележување на границите сите знаме кон што не води. Не се согласуваме со ниту еден дел од тоа и не мислам дека се вистински и реални овие идеи. Ангажирани сме како ова годишно време да го направиме да биде за западен Балкан, како да работиме за да ја аплицираме новата методологија во врска со Србија и Црна Гора и како да постигнеме успех меѓу Белград и Приштина, изјави Вархеји, пренесува Топ чанел.

На истата тема премиерот Еди Рама рекол дека третиот мандат на неговата влада ќе биде фокусиран „на намалување на историското производство и раст на економијата”.

Додал дека негова визија и уверување е „регионалниот Шенген”.

– Што се однесува до Балканот мојата визија е објавена, регионалниот Шенген е единствениот пат по кој треба да одиме секојдневно, да дискутираме на цивилизиран начин за сите наши недоразбирања. Конфликтите ни донесоа уназадување, а не напредок. Шенген е поддржан и од ЕУ, рекол меѓу другото Рама.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа