Вархеји: Проширувањето меѓу трите главни приоритети на ЕУ

Од:

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, денеска изјави дека процесот на проширување се враќа меѓу првите три приоритети на Европската унија и нејзините лидери и оти сега е уште поважно да се забрза интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

„Со актуелната геополитичка и економска криза предизвикана од руската војна против Украина, проширувањето се врати меѓу првите три приоритети, не само на Унијата туку и на лидерите на ЕУ. Затоа е уште поважно да им дадеме на нашите соседи посилна поддршка од кога било, не само да ги задржиме на европскиот пат, туку и да ја забрзаме нивната интеграција во ЕУ“, рече Вархеји на конференцијата Италија и Западен Балкан „Раст и интеграција” што се одржува во Трст.

Вархеји рече дека ЕУ е посветена на европската перспектива на Западен Балкан, но и оти постапките на регионот мора да соодветствуваат на таквата определба.

„Постигнати се многу успеси, но треба да се направи уште многу, а да не зборуваме дека имаме барем една земја која ќе се приклучи во блиска иднина“, рече еврокомесарот.

Оценувајќи дека новата методологија врати покредибилен, динамичен, предвидлив и пополитички управуван процес, Вархеји потсети на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија и доделувањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

„Тоа е силно охрабрување за целиот регион и потврда дека Европа се врати и е подготвена да испорача, доколку и Западен Балкан е подготвен да испорача“, рече Вархеји.

Политичката интеграција, како што истакна, може да функционира само доколку има вистинска интеграција, односно економска и социјална интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

„Таа мора да биде важна колку и политичката“, рече Вархеји и како пример го наведе дека за претходните две години, од донесувањето на Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западен Балкан, одобрени се 40 проекти со вкупна инвестициска вредност од 5,7 милијарди евра.

Вархеји рече дека ЕУ се потпира врз земјите-членки да донесат инвестиции и знаење и да придонесат за поврзување на регионот кон вредносните врски на европската економија, кои се под зголемен притисок поради пандемијата и војната во Украина.

„Мојот приоритет како комесар беше да создадам охрабрувачка средина, да го поддржам економскиот раст, да промовирам инвестиции и да ја зголемам привлечноста на Западен Балкан за трговците и инвеститорите, бидејќи само така можеме да ја промениме реалноста на терен и целосно да го интегрираме Западен Балкан во ЕУ“, рече Вархеји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески