Вархеји: Почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за членство во ЕУ

Од:

Почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ што се одржува денеска во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Вархеји, процесот на проширување на ЕУ добил премногу национални димензии. Тој потсети дека за ЕУ главен критериум за членство е владеењето на правото.

– Ако тука нема напредок, никаде нема да има напредок, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји.

Тој рече дека Европа мора да работи заедно за да спречи избувнување на конфликти на Балканот. Ова треба да биде приоритет број еден, бидејќи цела Европа би била засегната во случај на конфликт, додаде тој.

Неговата порака до Балканот е државите да ги исполнат сите критериуми за членство, да ги исполнат сите услови. Ако реформите продолжат, ако владеењето на правото, борбата против корупцијата и реформите се доволно видливи, вистински ќе се акумулира критична маса што ЕУ не може да ја игнорира, рече Вархеји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Вархеји: Се надевеме дека сите страни ќе ги поддржат уставните измени со цел Северна Македонија да оди напред

Ковачевски-Вархеји: Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Ана Ололовска

Вархеји: Работиме напорно да му помогнеме на регионот и го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ