Вархеји не смеел да ја потврдува информацијата за Лајчак, одлуката допрва се чека

Од:

Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, изутринава порача дека само Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ е надлежен да потврдува кој ќе биде Специјален претставник за западниот Балкан, а одлуката сѐ уште не е одобрена од земјите членки.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, вчера во интервју за Радио Слободна Европа потврди дека поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак е назначен за Специјален претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина и за западниот Балкан.

Запрашан зошто информацијата не ја потврдува шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, неговиот портпарол изјави дека само Борел е овластен да потврдува ваква информација бидејќи Специјалниот претставник зависи од неговата канцеларија.

„Мандатот на Специјалните претставници на ЕУ е надлежност на Високиот претставник и потпретседател на Европската Комисија, ги информиравме земјите членки за намерата да назначиме претставник согласно процедурите, и додека не заврши процедурата не сме авторизирани да потврдуваме официјално, сѐ додека земјите членки не одлучат и одобрат“, изјави Стано.

„Информациите за и менаџирањето се исклучив домен на Високиот претставник и тој е единствен кој смее официјално да соопштува“ истакна Стано.

Стано одби да ја коментира реакцијата на САД за делумното укинување на царините врз увозот на српски и босански производи најавено од страна на косовскиот премиер, Албин Курти.

Американската администрација, за разлика од европската, изјави дека царините треба целосно да се укинат, додека ЕУ смета дека и ова делумно укинување може да создаде услови за рестартирање на Дијалогот Белград-Приштина.

„Врз основа на меѓународните одлуки, ЕУ е единствениот чинител задолжен за олеснување на Дијалогот, ЕУ е таму од самиот почеток. Реакциите на ЕУ се засноваат на ставовите, политиките и односите со партнерите на ЕУ, можам да ги коментирам нашите ставови, но не можам да навлегувам во шпекулации и споредби со други ставови. Ставот на ЕУ е јасен, рековме дека најавата на Курти е важен чекор кон враќање на довербата и рестартирање на Дијалогот“, изјави Стано.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа