Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно во борба против коронавирусот

Од:

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји изјави дека сите партнери на ЕУ од Западен Балкан го потврдиле нивното учество во Договорот за заеднички набавки кои се однесуваат на медицинска опрема.

– Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија учеството во Договорот за заеднички набавки, а четворица досега усвоија предлог за зелени линии со кои ќе се обезбеди проток на стоки и лекови, напиша Вархеји на Твитер.

Претставници на Европската комисија за Танјуг објасниле дека на сите партнери од Западен Балкан им било овозможено да учествуваат во заедничките европски набавки, при што досега се распишани тендери за заштитна медицинска опрема, респиратори и лабораториска опрема.

Подоцна овие набавки можат да послужат и за купување вакцини и други лекови.

Целта на овие заеднички набавки е да се добијат „подобри цени и да се обезбеди координирана испорака“. Испораката на заеднички набавената медицинска опрема ќе зависи од брзината на потпишувањето на договорите и од способноста на производителите да ја испорачаат бараната стока.

Во врска со „зелените линии“, Западен Балкан треба да се приклучи на иницијативата на Европската комисија за отстранување на пречки за превоз на стока и медицинска опрема ширум Европа.

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”