В сабота свечено отворање на јужниот крак на Коридор 10

Од:

Српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ денеска најави дека в сабота во Грделичка Клисура свечено ќе биде пуштен во употреба јужниот крак на автопатот на Коридор 10 низ јужна Србија до границата со Северна Македонија.

Михајловиќ за ТВ Прва изјави дека со завршувањето на работите во Грделичката Клисура, целосно е комплетирана изградбата на јужниот крак на Коридорот 10 низ Србија и дека сега од Белград до македонската граница, ќе се пристигнува за три и пол часа, безбедно по автопатот.

– Коридорот 10 почна да се гради во 1970 година. Работите на јужниот крак започнаа по 2000 година, за конечно да бидат завршени во 2019 година. Само работите во Грделичката Клисура чинат речиси 400 милиони евра, но ние треба да знаеме дека ова беше најтешкото градилиште во Европа, истакна министерката Михајловиќ.

Според неа, досега странците ја заобиколувале Србија, па така пред четири години на Коридорот 10 имало околу 36 милиони автомобили годишно, а веќе минатата година имало 56 милиони автомобили.

За Коридорот 10, Михајловиќ рече дека ќе биде профитабилен веќе за пет години, но дека профитабилноста нема да се гледа само преку наплата на патарина, со цена која ќе биде стандардна, туку е значајна и поради привлекувањето на инвеститори.

Во врска со најавата за саботното отворање на автопатот низ Грделичкате Клисура се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм, кој истакна дека оваа делница од автопатот е „најтешкиот дел од јужниот крак на Коридорот 10“, долга 26,3 километри, како и дека Коридорот 10 е еден од најзначајните паневропски транспортни коридори што поминуваат низ Србија.

– Треба да се гордееме, ова го чекавме со децении. Автопатиштата нè поврзуваат, носат нови работни места, повисоки плати и повеќе туристи, наведе српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Српски полицајци херојски го спасија живот на деветгодишно девојче

Татјана Ташкова

Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот Приштина – Белград

Во понеделник ќе се решава по косовската забрана за извоз на компири и мед

Татјана Ташкова

Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија

А1он

Дачиќ: Уште една држава го повлече признавањето на Косово

Над 3.000 лица од државава ги испратиле своите имиња за мисијата „Марс 2020“