В понеделник средба Мицотакис- Ердоган

Од:

Цврста позиција на Владата и на премиерот е дека каналите на комуникација со соседната земја треба да останат отворени. Ние сме за конструктивен дијалог, секогаш базиран на меѓународното право и со целосно почитување на меѓународните обврски што ги има преземено секоја земја, истакна портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во пресрет на тет-а-тет средбата Мицотакис – Ердоган в понеделник, и додаде дека Грција се надева на мирно лето во односите меѓу двете земји.

Грчкиот премиер и турскиот претседател ќе се сретнат во Брисел по завршувањето на НАТО самитот, а Пелони истакна дека ова ќе биде првпат Мицотакис и Ердоган да разговараат сами и нема да следи состанок на двете делегации.

Додаде дека во изминатите месеци веќе беа активирани сите канали на комуникација меѓу двете земји.

-Различни позиции со Турција постоеја и постојат. За многу прашања нашите позиции се дијаметрално спротивни. Токму ова е причината дека треба да разговараме со соседната земја. Тоа што не се согласуваме, не значи дека не разговараме, истакна портпаролката на грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Ердоган во прва посета на Црна Гора: Членството на земјата во ЕУ ќе придонесе за стабилноста на регионот

Источниот Медитеран, Балканот и Блискиот Исток во фокусот на средбата Мицотакис – Менендез

А1он

Ердоган: Муслиманите мора да преземат одговорност за безбедноста и иднината на човештвото

А1он

Ердоган до Путин: Разговорите меѓу талибанците и поранешните авганистански лидери се ветувачки

Ана Ололовска

Ердоган: Турција нема намера да стане европско складиште за мигранти

А1он

Мицотакис ја отфрли можноста за нов карантин наесен

А1он