Уставниот суд на БиХ укина дел од одлуките на Народното собрание на Република Српска

Од:

Уставниот суд на Босна и Херцеговина утврди дека одредени одредби на актите усвоени од Народното собрание на Република Српска не се во согласност со Уставот на Федерацијата и донесе одлука за нивно укинување.

Судот постапуваше по барањето поднесено од 15 пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, при што е утврдено дека постои спор во врска со усвојувањето на спорните одредби од Декларацијата и заклучоците на Народното собрание на Република Српска за враќање на пренесените надлежности од Федерацијата на Република Српска во областа на правдата, одбраната и безбедноста, индиректното оданочување и други прашања.

Уставниот суд се произнесе и по барањето на претседателот на Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ Драган Човиќ, да се испита регуларноста на постапката, односно да утврди постоење или непостоење уставна основа предлог-законот за Измените на Изборниот закон на БиХ од 22 април годинава да се прогласат како штетни за бошњачкиот народ во Федерацијата.

Одлучувајќи по барањето на Човиќ, Уставниот суд утврди дека изјавата на Клубот на бошњачките делегати во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ за деструктивноста по виталните интереси на бошњачкиот народ во БиХ во споменатиот предлог-закон ги исполнува условите за процедурална коректност од Уставот, но оти не е повреден виталниот интерес на бошњачкиот народ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски