Уставниот суд на БиХ ги поништи одлуките на Парламентот на РС за пренесување на надлежностите на ниво на ентитети

Од:

Уставниот суд на БиХ ги укина одредбите од Декларацијата за уставните принципи на Народното собрание на Република Српска, како и заклучоците за трансферот на надлежностите од државно на ниво на ентитет, што парламентот на РС ги усвои во декември минатата година.

Уставниот суд на БиХ ја донесе оваа одлука откако петнаесет членови на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ иницираа спор меѓу Босна и Херцеговина и Република Српска.

Судот ги поништи заклучоците на Националното собрание на РС за трансферот на надлежностите од државно на ниво на ентитети во областа на одбраната, судството и индиректното оданочување.

Укинатите одредби престануваат да важат следниот ден од на објавувањето на одлуката во Службен весник на БиХ.

На 10 декември минатата година, Националното собрание на РС усвои низа заклучоци кои предвидуваа усвојување на закон за основање на Армијата на РС, Високиот судски и обвинителски совет на РС, како и ентитетот Управа за индиректно оданочување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина