Албанскиот Уставен суд може да побара од Венецијанската комисија мислење околу одлуката за разрешување на претседателот Мета

Од:

Од основањето во 1991 година, Уставниот суд на Албанија се соочува со преиспитување и донесување на одлука без преседан за земјата, а тоа е одлуката изгласана од парламентот за разрешување на претседателот Илир Мета.

Резултатот од гласањето за разрешување и извештајот на анкетната комисија на 14 месецов се доставени до Уставниот суд.

-Од извори блиски до овој суд се дознава дека се уште не е извршена ждрепката за назначување на известувач, што е првиот чекор во овој процес. Судот има рок од три месеци од денот на приемот на писмото од собранието да одлучи по ова прашање. Она што сè уште не е познато, е тоа дали овој суд ќе го смета август, што е месец за одмор за институциите на правдата, во рокот од три месеци, наведува Топ чанел.

Познати адвокати за телевизијата објаснуваат дека едно од најповолните сценарија за Уставниот суд може да биде барање мислење од Венецијанската комисија.

-На овој начин членовите на судот отстрануваат од своите плеќи многу голема одговорност прашувајќи ја Венеција дали изјавите на претседателот се сметаат за сериозно кршење на законот. Со оглед на изборот на членови на Уставниот суд, се предвидува некои од нив да заземат дури и политички став во конфликтот меѓу претседателот и владејачкото мнозинство, со тоа што нема да гласаат за иницијативата на мнозинството. Не се исклучува и влијанието на странците по ова прашање, оценуваат адвокатите за телевизијата.

Од вкупно деветчлена, колку што треба да брои Уставниот суд, пополнети се седум а втори јули е крајниот рок Врховниот суд да ги испрати последните двајца членови на Уставниот суд.

Со 104 гласа „за“ седум против и три воздржани албанскиот парламент на 9 месецов го разреши шефот на државата, што е прв случај во трите деценискиот плурализам во земјата.

Би можело да ве интересира

Инвеститорите бегаат од Албанија – таа е една од најкорумпираните држави во Европа, порачува Стејт департментот

Жарко Настоски

Во Албанија 21 случај со Делта-сој, од нив шест вакцинирани

Ана Ололовска

Италијанскиот бизнисмен Бечети го доби спорот со Албанија на Арбитражен суд

Ана Ололовска

Ким: Лажат оние што велат дека правосудната реформа не е ништо

Ана Ололовска

Делта сојот и официјално потврден во Албанија

Ана Ололовска

Албанија: За пет години ветинг разрешени 155 судии и обвинители, 56 сами поднеле оставки

Ана Ололовска