Уставниот суд бара од Јахјага да не го потпишува законот за амнестија

Од:

Уставниот суд на Косово побара од косовската претседателка Атифете Јахјага да го одложи потпишувањето на Законот за амнестија за осум дена, бидејќи добил барање за утврдување на неговата уставност, пишува денеска весникот „Лајм“.

Ваквото барање предизвика различни коментари, имајќи го предвид фактот дека ако косовската претседателка во рок од осум дена не го потпише указот за прогласување, законот автоматски стапува во сила.

Од друга страна, Уставниот суд има рок од 60 дена да одлучи за уставноста на законот и во досегашната пракса се уште не се случило оценката за уставност на некој закон да ја донесе во рок од осум дена.

Весникот констатира дека ваквото барање на Уставниот суд е незаконско и противуставно.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски