Успешно завршена полициската мисија на ЕУ во БиХ

Од:

Полициската мисија на ЕУ во Босна и Херцеговина, која започна во 2003 година, денеска завршува.

„Ја напуштаме земјата во присуство на полициски организации и институции за правда со високо ниво на професионализам при зачувувањето на безбедноста и обезбедувањето на владеење на законот, што значи дека тие се добро подготвени за исполнување на идните задачи“, изјави шефот на полициската мисија на ЕУ Штефан Фелер.

Тој додаде дека некои функции на полициската мисија на ЕУ ќе и бидат предадени на делегацијата на Унијата во Босна чиј специјален претставник е Петер Соренсен.

Во 2003 година полициската мисија на ЕУ во БиХ, првата полициска мисија испратена од Унијата, ја замени операцијата на ОН, чии сили беа распоредени во земјата поради војната во 90-тите години од минатиот век. ЕУ имаше 880 претставници во Босна, а до овој момент останаа само 80 полицајци.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина