Услов за формирање на нова црногорска влада ќе биде да се повлече Законот за слобода на вероисповед, тврди Кнежевиќ

Од:

Претседателот на Демократската народна партија (ДНП), Милан Кнежевиќ разговараше со кандидатот за мандатар за состав на нова влада и носител на списокот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ.

По тој повод, тој уште еднаш ја потврди подготвеноста на ДНП за поддршка на Кривокапиќ за мандатар на идната влада.

Кнежевиќ рече дека сите консултации меѓу коалицијата ќе бидат пренесени и на средбата со претседателот на Црна Гора.

„Милан Кнежевиќ, во име на ДНП, му предложи на идниот премиер од новоформираното парламентарно мнозинство кое го поддржа Здравко Кривокапиќ, уште пред изборот на Владата, да го повлече Законот за слобода на вероисповед, со цел да се создадат предуслови државата Црна Гора да го потпише Основниот договор со СПЦ и Неговата Светост Патријархот Иринеј. Проценувајќи дека Црна Гора се соочува со време на социо-економски предизвици, Кнежевиќ и Кривокапиќ се согласија дека секој мора да придонесе за развој на државата и дека иднината на сите граѓани, без оглед на политичката и која било друга припадност, е приоритет во работата на идната влада“, пренесе портпаролката на ДНП, Јелена Кљајевиќ.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора