Урсула фон дер Лајен во Софија ќе ја потврди поддршката на Европската комисија за бугарскиот план за обнова и развој

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Бугарија. За време на нејзината посета Урсула фон дер Лајен ќе ја потврди поддршката на ЕК за планот за закрепнување и одржливост на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателката на Европската комисија ќе оствари средби со премиерот на Бугарија Кирил Петков и членови на Владата, како и со претставници на политичките партии од владејачката коалиција.

Програмата на Фон дер Лајен вклучува посета на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, кој е еден од примателите според Планот. При посетата на најстариот бугарски универзитет, Урсула фон дер Лајен ќе се запознае со проекти на иновативни компании.

Бугарскиот план за закрепнување и одржливост беше поднесен на 15 октомври 2021 година. Основните промени во енергетскиот сектор вклучуваат мерки за забрзување на изградбата на нови евтини обновливи извори и складирање на евтина енергија за употреба во најоптоварените часови, како и за намалување на емисиите од производство на електрична енергија. Ажурираниот план на Бугарија не содржи проекти за изградба на гасни централи, цевководи и обврски за затворање на електрани на јаглен во наредните години.

Во областа на правосудството, бугарската Влада има намера да ги засили антикорупциските реформи, реформите во државните претпријатија и перењето пари. Во транспортниот сектор, ажурираниот план го поставува железничкиот транспорт како јасен приоритет преку проекти за нови возови, дигитализација во секторот и рехабилитација на железничките линии.

Обновениот план за закрепнување и одржливост на Бугарија вклучува 57 инвестиции и 47 реформи во 12 различни области кои треба да се спроведат до 2026 година. Мерките во областа на образованието и социјалната сфера ќе поддржат реновирање и изградба на училишта, набавка на современа медицинска опрема, воспоставување систем за итна помош од воздух, како и зајакнување на мерките за социјална помош.

Според Планот за обнова и развој, Бугарија за проектите треба да добие 6,4 милијарди евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски