УРА: Кривокапиќ потврдува дека ја приватизирал црногорската Влада

Од:

Со предлогот за смена на вицепремиерот, Дритан Абазовиќ, од функцијата претседател на Националниот совет за борба против високата корупција, црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ потврди дека ја приватизирал Владата и институциите заради отворена политичка пресметка, соопшти денеска Граѓанското движење УРА.

dobivaj vesti na viber

Политичката директорка на УРА, Ана Новаковиќ Ѓуровиќ изјави дека не постои ниту една формална и суштинска причина за ваквата одлука.

„Владата во претходниот период постигна резултати само во борбата против корупцијата и организираниот криминал, што беше потврдено и во Извештајот на Европската комисија за Црна Гора“, се наведува во соопштението на УРА.

Новаковиќ Ѓуровиќ изјави дека Кривокапиќ не смее да ја злоупотребува својата положба само затоа што, како што наведе, одредена одлука на Абазовиќ не му се допаднала во одреден момент.

Таа додаде дека би било добро да се види какво е образложението за ваквата одлука, бидејќи, како што оцени, тоа може да биде само политичко.

„Во секој случај тоа е политички незрела постапка и недостојна за функцијата што на Кривокапиќ му припадна благодарение на УРА и Абазовиќ“, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Црна Гора: Старото парламентарно мнозинство потпиша иницијатива за разрешување на Ѓукановиќ

Ана Ололовска

Мнозинство од црногорските пратеници постигнаа договор Лекиќ да биде мандатар за нова влада

Ѓукановиќ не го прифаќа Лекиќ за мандатар, бара скратување на мандатот на Парламентот

Македонски Албанец нов американски амбасадор на САД во Црна Гора

А1он

Денеска истекува рокот кога Ѓукановиќ треба да го соопшти името на мандатарот

Ана Ололовска

Користење дневна светлина, готвење во покриен сад и непокривање на радијаторите со облека: Црна Гора со предлог мерки за штедење

А1он