Упатства до грчките царински служби по стапувањето на сила на Договорот од Преспа

Од:

Независниата служба за јавни приходи на Грција, преку циркулар ги известува царинските служби за процедурите за размена, промените и праксите со Северна Македонија, по стапувањето на сила на Договорот од Преспа.

Документот е со датум 13 март, содржи општ дел и дел со специјални упатстава за транзит, увоз, извоз, патници и превозни средства во кои детално се објаснети упатствата и насоките до царинските служби, а е сличен со циркуларот од грчкото МНР со упатства до јавните служби, испратен минатиот месец, јави дописничата на МИА од Атина.

На почетокот од циркуларот, објаснето е дека од 12 февруари уставното име на земјата е „Република Северна Македонија“, а краткото име „Северна Македонија“ и важи за сите употреби.

-Сите документи што ќе ги издава соседната земја (патни документи, лични карти, возачки дозволи, потврди итн), секаков вид на службена пошта и пропратен материјал што доаѓаат од властите на соседната земја што се со датум на издавање по стапувањето на сила на договорот, ќе треба да бидат со новото име и термините што се однесуваат на земјата, пишува во циркуларот и е објаснето дека за веќе постоечките документи предвидени е “техничи” и “политички” преоден период, согласно членот 1 (3) од Договорот од Преспа.

“Техничиот” преоден период се однесува на документите за меѓународна употреба, за кои е предвиден рок од најмногу пет години, а “политичкиот” за документите за внатрешна употреба чија промена е поврзана со отворањето поглавја во процесот н преговри со ЕУ.

Во циркуларот е објасеното дека повеќе не важат имињата “Република Македонија” и “поранешна југословенска Република Македонија”, а во случај во официјалната службена пошта на властите од двете земји да нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта, нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.

При увозот, според циркуларот, треба да стои кодот “МК: Северна Македонија” во делот што се однесува на земја испраќач или земја на потекло, додека пак во однос на трговските имиња и трговските ознаки објаснето е дека царинските служби не се обврзани да контролират, бидејќи врз основа на Договорот од Преспа, предвидено е формирање Меѓународна група.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди