Универзитетската полиција во Грција ќе започне со работа на почетокот на јуни

Од:

Универзитетската полиција во Грција, односно Тимовите за заштита на универзитетски институции (ОППИ), на почетокот на јуни ќе почне со работа, првично во двата најголеми кампуси во Солун и Атина, соопшти министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодорикакос објасни дека во текот на оваа седмица ќе биде доставен и претседателскиот декрет потпишан од него и министерката за образованија, за спроведување на законот и додаде дека очекуваат од ректоратите да постават безбедносни рампи на влезовите „бидејќи главната мисија на ОППИ ќе биде контролираниот влез во просториите на универзитетите“.

-Членовите на универзитетската полиција ОППИ, односно Тимовите за заштита на универзитетски институции утре ја завршуваат обуката, ќе добијат неколку слободни денови и веднаш потоа, на почетокот на јуни, ќе почнат да патролираат во двата големи кампуси, почнувајќи од Универзитет „Аристотел“ во Солун, а потоа и во Универзитетскиот кампус и Политехничкиот кампус“, рече Теодорикакос.

Минатата седмица, како што веќе објави МИА, Советот на државата, односно органот што ја штити уставноста во Грција донесе одлука дека формирањето универзитетска полиција не е противуставно и не ги нарушува принципите на академската слобода.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен