УНХЦР стравува дека во потонатиот чамец во близина на Родос загинале десетици бегалци и мигранти

Од:

Откако во средата потона брод со бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Родос, Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) стравува дека загинати се десетици лица во Егејското Море, со оглед на тоа што два дена подоцна, бројот на спасени останува непроменет, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Крајбрежната служба на Грција, веднаш по потонувањето на чамецот спаси 29 лица, додека според УНХЦР уште пет лица биле спасени од турската крајбрежна служба.

Според сведоштвата на преживеаните, во чамецот имало од 60 до 80 лица, што значи дека најмалку 26 лица се исчезнати.

Бродот потона во средата на 10 август на 38 наутички милји јужно од Родос во меѓународните води и во рамките на делот во кој Грција е одговорна за потрага и спасување, а според сведоштвата на бегалците и мигрантите, како што соопшти УНХЦР, чамецот од Турција тргнал кон Италија.

Претставничката на УНХЦР во Грција Марија Клара Мартин вели дека треба да се стави крај на зголемените смртни случаи на границите на Европа.

-Оваа континуирана загуба на животи е неприфатлива. Без алтернативни безбедни патишта, бегалците и мигрантите продолжуваат да ги ризикуваат своите животи. Сите луѓе имаат право да бараат безбедност ако бегаат од војни и прогони. Треба да се стави крај на зголемените смртни случаи на границите на Европа, вели Мартин

Од УНХЦР соопштија дека нивните процени се дека во првата половина на 2022 година речиси 1.200 лица ги загубиле нивните животи или се водат за исчезнати во море, во обид преку Медитеранот и северозападниот африкански поморски пат да стигнат до Европа, а „оваа бројка вклучува најмалку 25 загинати или исчезнати во источниот Медитеран“.

Минатата година, загинале или исчезнале 3.100 лица.

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Би можело да ве интересира

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он

Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море

Анкета: Покачувањето на цените најголем проблем за Грците

Ана Ололовска

Мицотакис го информирал Гутереш за односите со Турција

Ана Ололовска

Во два одвоени случаи во Грција спасени над 130 бегалци и мигранти

Ана Ололовска

За 64 отсто зголемени бегалските бранови во Грција

А1он