Украинскиот град Лавов ќе биде европска младинска престолнина за 2025 година

Од:

Украинскиот град Лавов е прогласен за европска младинска престолнина за 2025 година, на свеченоста што се одржа во Театарот на опера и балет во Тирана.

Титулата ја врачи градоначалникот Ерион Велиај, со оглед на тоа што Тирана годинава ја носеше титулата Европска младинска престолнина, каде беа одржани над 1000 активности за млади.

– Соседите ни се важни! Соседите ни се важни кога се во зградата, дали тие се оние кои нè опкружуваат на училиште, на работа, но тие се поважни доколку се земјите што не опкружуваат. Како што доживуваме војна во Европа, како оваа во Украина, брутална агресија, сите разбираме дека не треба да ги земаме соседите здраво за готово, рекол Велиај за време на својот говор.

Во тесна конкуренција со Лавов биле Измир, Турција, Фуенлабрада, Шпанија и Тромсо, Норвешка.

Европската младинска престолнина е титула доделена од Европскиот младински форум, дизајнирана да го поттикне младинското учество и да го зајакне европскиот идентитет. Секоја година, нов европски град добива шанса да ги прикаже своите иновативни идеи, проекти и активности насочени кон подигнување на гласот на младите луѓе и воведување на нова младинска перспектива во сите аспекти на градскиот живот. Градот Лублин (Полска) ќе биде младински главен град на Европа за 2023 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија