Украина, Источниот Медитеран и Западен Балкан во фокусот на телефонскиот разговор Мицотакис – Шолц

Од:

Случувањата во Украина, Источниот Медитеран и Западен Балкан биле во фокусот на телефонскиот разговор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и новиот германски канцелар Олаф Шолц, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер му честитал на Шолц за преземањето на функцијата и ја изразил волјата на Атина за зајакнување на билатералните односи.

Двајцата лидери, според истите информации, размениле мислења за случувањата во Украина, и ја истакнале потребата за одржување на европското единство, отворени канали со Русија и почитување на територијалниот интегритет на Украина, бидејќи агресивен потег би донел сериозни последици.

Дополнително, Мицотакис го информирал Шолц за случувањата во Источниот Медитеран, а разговарале и за случувањата на Западен Балкан.

Мицотакис и Шолц се согласиле да се сретнат што е можно поскоро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Грција е столб на стабилностa на Балканот и сигурен партнер во Источен Медитеран

Ана Ололовска

Мицотакис: Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО

А1он

Активисти на Гринпис блокираа влез на грчки танкер со руска нафта во пристаниште на југот од Англија

А1он

Универзитетската полиција во Грција ќе започне со работа на почетокот на јуни

Ана Ололовска

Компанија во Грција воведува четиридневна работна седмица за август

Ана Ололовска

Мицотакис во официјална посета на САД

Ана Ололовска