Угостител од Истра: На готвачите им нудам 2.000 евра, на келнерите 1.000, никој не сака да работи

Од:

Угостител од централна Истра, чиј објект работи во текот на целата година, на Глас Истра се пожалил на недостиг на работна сила. Тој сакаше да го сподели своето искуство во кое преку оглас барал повеќе вработени за неговиот објект: готвач, келнер, келнерка и помошник готвач.

За работното место, вели, од 25 невработени на располагање за тие работни места, се јавиле само четворица од Заводот за вработување.

„Нудам плата од две илјади евра за готвач, нешто повеќе од илјада за келнерот и илјада евра за келнерката и помошникот готвач“, рече тој.

Но, одговорите на кандидатите се сведуваа на тоа дека тие или не се заинтересирани за таа работа, или работат со скратено работно време или работат во странство и моментално статусот на невработено лице им одговара целосно.

Добив впечаток, вели тој, дека на интервјуто одговориле само за да го задоволат формуларот и да добијат печат.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари