Ученици и наставници од БиХ во изолација по посета на Италија

Од:

Голема група ученици и наставници од Грачаница во Босна и Херцеговина, како и еден возач на автобус, кои минатата недела биле во посета на Италија, каде веќе починаа 11 лица од Ковид-19, ставени се во домашна изолација по одлука на жупаниските власти во Тузла.

На возачот, кој по тродневен престој во Италија се пријавил во здравствена установа поради воспаление на грлото,  му е земен брис и испратен е на анализа во Сараево. Потоа возачот, заедно со децата и наставниците е испратен во домашна изолација во траење од 14 дена, потврди денеска министерската за здравство на тузланската жупанија Дајана Чолиќ.

Меѓутоа, учениците не биле подложени на тестови бидејќи немале ниту еден симптом кој би укажал на евентуална зараза со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши