Убиецот на бугарската новинарка Маринова осуден на 30 години затвор

Од:

Бугарски суд деенска го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор, поради силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова.

Телото на Маринова беше пронајдено на 6 октомври минатата година во реката Дунав во градот Русе во северна Бугарија.

Обвинетиот, 21-годишниот Красимиров, денеска се појави во судница под силни безбедносни мерки и со лисици на рацете, каде што се изјасни за виновен и побара што побрзо да му биде изречена пресудата.

Истражителите заклучија дека Красимиров сам го извршил злосторството. Тој беше уапсен во Германија, каде побегнал, а беше испорачан на Бугарија една недела по извршеното убиство.

Со тоа што се изјасни за виновен, Красимиров избегна доживотен затвор. Тој има можност во рок од 15 дена да поднесе жалба на пресудата.

Би можело да ве интересира

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Трет приведен за убиството на лекарот во Железара

Катерина Ѓуровски

Бугарија оди на нови избори

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Две тела се пронајдени во околината на Сомбор, истрагата е во тек