Убиецот на бремената сопруга одби да се предаде и се самоуби во присуство на полицијата

Од:

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека убиецот на бремената жена М. Х. (35), 31-годишниот Сокол Халили се самоубил денеска во присуство на полицијата, откако бил локализиран од органите на прогонот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Свечља, наспроти обидите на полцијата да преговара со него, Халили одбил да се предаде и извршил самоубиство.

– По интензивната работа на сите единици, Полицијата на Косово успеа да го локализира местото каде што се наоѓа убиецот Сокол Халили. Наспроти напорите на полициските службеници да преговараат за негово предавање, убиецот изврши самоубиство. Полицијата на Косово и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрага за расветлување на сите околности на убиството на бремената жена и самоубиството на сторителот, напиша Свечља на неговата страница на Фејсбук.

Халили ја уби својата бремена сопруга, со која биле во процес на развод, завчера во дворот на Гинеколошката клиника во државната болница во Приштина, каде што таа била примена во очекување наредните денови да се породи, со оглед дека била во деветиот месец од бременоста.

Жената, по потекло од село во Витина, југоисточно Косово, била застрелана од сопругот со три куршуми од пиштол, при што не преживеало ниту бебето што го носела.

Убиството предизвика бројни реакции во Косово, а вчера беше одржан и протест пред Владата во Приштина, со барања да се преземаат поефикасни мерки за спречување на случаите на убиства на жените.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски