Уапсено момчето кое упадна со мачета во гимназија во Загреб

Од:

Уапсен е младиот човек кој со мачета упаднал во загрепската класична гимназија и се заканувал на еден од учениците.

Според полицијата, младиот човек бил уапсен во месноста Медвешчак. Се работи за 18-годишник.

„Денеска 6 март околу 13 часот и 50 минути во просториите на воспитно-образовната установа дошло непознато младо момче кое потоа во ходникот пресретнал ученик кој го барал и на кого му се заканил со остар предмет. По заканите, младиот човек побегнал.

Информациите и сознанијата што ги собра загрепската полиција за самиот настан резултираа со целна потрага по 18-годишен млад човек.

Набргу потоа, три часа по самиот настан, младиот човек бил пронајден и уапсен во областа Медвешчак и однесен во службени простории за кривична истрага“, извести загрепската полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре и потона катамаран во водите кај Сплит

Ана Ололовска

Уапсен 63-годишен маж за детска порнографија: Странец снимаше голи деца со својот телефон

ВИДЕО: Спасена Хрватка која со часови, повредена висеше на карпа на Вележ

Катерина Павлова-Николовска

Полицијата реши обид за убиство после 25 години: Жена нарача убиство на маж

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се преврте трактор со приколка кој превезуваше 16 матуранти, дел од нив завршија во болница

Горан Наумовски

Голема полициска акција во цела Европа, апсења во Хрватска и во БиХ