Уапсени четворица високо позиционирани членови на „Златна зора“ во Грција

Од:

Четворица високо позиционирани членови на грчката крајнодесничарска партија „Златна зора“ денеска се уапсени во серијата апсења на партиски членови, соопштија американските медиуми.

Уапсени се лидерот на „Златна зора“ ,Никос Михалолиакос, и партискиот портпарол Илијас Касидиарис. Пратеникот од оваа партија, Илијас Панајотарос, сам се предал во полиција, изјавувајќи дека го бараат на погрешна адреса. Пратеникот Јанис Лаго, исто така бил уаспен.

Агенциите забележуваат дека за прв пат од 1974 година во Грција се апсат актуелни пратеници во парламентот.

-Вкупно се идадени 35 наредби за апсења на членови на неонацистичката „Златна зора“, изјавија полициски службеници. Според нив, операцијата се уште трае.

„Златна зора“ го изрази својот гнев од апсењата во писмено соопштение. „Ние ги повикуваме сите да ја поддржат нашата морална и праведна борба против корумпираниот систем“, се наведува во соопштението.

Грчкиот владин портпарол одби да коментира детали од операцијата.

-Демократијата може да се заштити. Праведноста ќе ја заврши својата работа, изјави Симос Кедикоглу.

Лидерот на „Златна зора“ ,Николаос Михалолиакос, бил приведен под обвинение за формирање на криминална организација. Лидерот на „Златна зора“, исто така, е пратеник во грчкиот парламент.

Мерките се преземаат неколку дена по убиството на левичарскиот активист и рапер Павлос Фисас од член на „Златна зора“, што ги разбуди духовите во Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит