Уапсена новинарка која го навреди Ердоган, и се заканува затвор

Од:

Турски суд одреди притвор за новинарката Седеф Кабас во сабота во очекување на судењето поради обвинение за навреда на турскиот претседател Таип Ердоган и кршење на законот со кој досега беа гонети десетици илјади луѓе, објави турската Си-Ен-Ен.

Полицијата ја привела Кабас околу два часа по полноќ и најпрво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во градската судница, каде што судот нареди нејзино официјално апсење, објавија медиумите во Турција.

Наводната навреда се однесува на коментарот за кабинетот на претседателот што Кабас го даде на антирежимски телевизиски канал и на својот Твитер профил, за што таа беше осудена од некои владини претставници.

„Честа на претседателскиот кабинет е чест на нашата земја. Ги осудувам вулгарните навреди упатени кон нашиот претседател и неговиот кабинет“, напиша на Твитер директорот за комуникации на турската влада, Фахретин Алтун.

Мердан Јанардаг, главен уредник на Теле 1, каде Кабас коментираше за кабинетот на претседателот, остро го осуди нејзиното апсење.

„Нејзиното апсење во текот на ноќта, во два часот по полноќ, поради коментарите е неприфатливо“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека тоа е „обид да се заплашат новинарите, медиумите и општеството“.

Законот за навреда на претседателот предвидува затворска казна од една до четири години.

Во октомври минатата година, Европскиот суд за човекови права ја повика Турција да го промени законот откако донесе одлука дека притворањето на луѓето според законот ќе ја наруши слободата на изразување.

Илјадници беа обвинети и осудени за навреда на Ердоган во последните седум години откако тој ја смени премиерската фотелја со претседателската.

Повеќе од 30.000 истраги беа покренати во 2020 година поради слични наводи, отворени се 7.790 случаи, од кои 3.325 завршија со осудителна пресуда, според турското Министерство за правда, што е малку пониско од 2019 година.

Откако Ердоган стана претседател во 2014 година, започнати се 160.169 истраги за навреда на претседателот, отворени се 35.507 случаи, а 12.881 завршиле со осудителна пресуда.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски