Уапсен српскиот нарко-бос Давид Цуфај за шверц на 2 тони кокаин

Од:

Српскиот државјанин, дваесет и седум годишниот нарко-бос Давид Цуфај бил уапсен вчера во Перу, поради шверц на два тони кокаин во вредност од 174 милиони долари, пренесуваат српските медиуми.

Тој бил уапсен вчера во перуанскиот град Каљао со уште четворица осомничени Перуанци. Цуфај пред две недели беше осуден во отсуство на казна затвор од 17 години.

Агените на специјалната полиција „Шкорпион“ кои се бават исклучиво со разбивање нарко-групи го изненадиле Цуфај во делот од градот наречен Сателитски град. За полицијата, Цуфај бил финансиер, координатор и супервизор на пресретната пратка која содржела два тони кокаин, а чија крајна дестинација била Европа.

Дрогата со која тргувал Цуфај, инаку боксерски првак во кадетска конкуренција во Босна и Херцеговина, била откриена во јануари 2017 година и проценета на 174 милиони долари. Дрогата била спакувана во конзерви и требало да биде испратена за Белгија.

Обвинителството тогаш барало превентивен притвор, но судијата донел одлука за ограничен притвор, бидејќи тој немал криминално досие, па Цуфај тогаш исчезнал без трага.

Би можело да ве интересира

Тошковски за вчерашната акција: Епски криминал со милионски суми, приведени се четири лица

Во Будва се уапсени членови на мафијашки клан

Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Горан Наумовски

Уапсен бегалец од „Идризово“, имал големо криминално минато

Кокаин вреден над 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани во Солун

Ураганот Деби „откри“ кокаин во вредност од над еден милион долари