Уапсен приврзаник на ИД во Албанија

Од:

По темелната антитерористичка истрага, албанската полиција го уапси Бледар Зенели, поддржувач на терористичката Исламска држава, како лице опасно по безбедноста на земјата.

Се сомничи дека ги сторил кривичните дела: „Поттикнување, повици и пропаганда за извршување на дела со терористички цели“ и „Поттикнување омраза или расправија“.

-Приведувањето на албанскиот државјанин Б.З. е извршено денеска претпладне по интензивна двегодишна истрага, спроведена со посебни истражни методи од страна на Управата за антитероризам под директива на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК. Преку социјалните мрежи и разни апликации Фејсбук, Твитер, Телеграм, тој објавувал написи, радикални, екстремистички, пропагандни материјали и статуси, за поддршка на Исламската држава и против глобалната антитерористичка коалиција, стои во полициското соопштение.

На страната на ИД во Сирија и Ирак, војуваа повеќе од 200 албански државјани, а седумдесеттина од нив загинаа.

Инаку, полицијата во текот на денов информираше дека не е дозволен влез на најзина територија на маж и жена, кои се идентификувани како Батул Солтани и Афшин Калантари, со германско државјанство, но по потекло од Иран. Тие се депортирани во Германија по проценка дека се „сериозна закана за безбедноста на земјата“.

На аеродромот во Тирана пристигнале пред неколку дена на покана на регистрираната и легална АСИЛА (Здружение за поддршка на Иранците кои живеат во Албанија а кои дезертирале од МАК)

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Државјанка на БиХ во Данска за помагање на „Исламска држава“ осудена на 4 години затвор

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати, повеќето цивили, во нападот во Сирија кој се припишува на терористичката ИД

Американската војска го убила лидерот на Исламската држава во северна Сомалија

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светото место Шах Чераг во Иран

Објавена листа со 15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС во Сирија

Катерина Павлова-Николовска