Уапсен познат хирург од ВМА – ја тепал женаму со сукало, давел со сајла и уринирал врз неа

Од:

Познатиот хирург од ВМА, Н.О. (48), вчера бил уапсен поради семејно насилство. Според информациите, веќе подолго време физички ја малтретирал својата сопруга.

Вчера, околу 17 часот, соседи на брачната двојка, кои слушнале тепачка и расправија, повикале полиција. Вратата им ја отворила неговата сопруга, која рекла дека само вербално се расправале, но полицајците ги забележале повредите и побарале да ја однесат на преглед.

Тогаш клопчето на страшното насилство почнало да се отплеткува. Лекарите констатирале сериозни повреди – скршени ребра, надлактница, хематом на главата и набиеници по целото тело. По прегледот во болницата во Земун, била пуштена на домашно лекување.

Неофицијално, сопругата во исказот пред полицајците рекла дека „малтретирањето траело 27 дена и едвај го преживеала“. Како што информира „Телеграф.рс“, таа изјавила дека сопругот ја тепал со сукало, ја давел со сајла, уринирал врз неа и ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

Брачниот пар има и три малолетни деца, кои, неофицијално, и самите трпеле ќотек од татко им.
Во истрагата полицијата запленила и два пиштола. Истрагата ја води Третото основно јавно обвинителство во Белград, а познатиот хирург ќе биде сослушан утре.

Тој се товари за кривично дело семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет