Уапсен организаторот на трговијата со органи во Косово

Од:

Осомничениот за организирана трговија со органи, кого властите на Косово го бараат со години, уапсен е во Израел, изјави специалниот обвинител на ЕУ, Џонатан Рател.

„Добивме информација дека Моше Харел е уапсен во Израел поради трговија со органи и други кривични дела поврзани со тоа, и сега чекаме потврда од израелските власти“, рече Рател.

Ако оваа информација се потврди, ова апсење би можело да биде пресвртница на судењето на седум лица, обвинети за трговија со органи и нелегална трансплантација во клиниката „Медикус“ во 2008. година во Приштина, наведува АФП.

Харел е уапсен во Приштина истата таа година, но побегнал од Косово веднаш штом е пуштен од притвор. Издаден е меѓународна потерница за негово апсење.

Според обвинението, во приштинската клиника во 2008. година извршени се најмалку 30 нелегални трансплантации на органи. Донаторите биле од сиромашни источноевропски и централноазиски земји, на кои им е ветено 15 илјади евра.

Во обвинението израелскиот државјанин Харел се наведува како „мозок“ на мрежата која поврзувала донатори и корисници на органи.

Меѓу седум осомничени против кои се води судска постапка е и поранешниот функционер на косовското министерство за здравство Илир Рецај и истакнатиот приштински уролог Љуфти Дервиши.

Осомничен е и турскиот лекар Јусуф Сонмез, кој е обвинет за вршење на нелегални операции за вадење на органите. Против него е покренато обвинение и во Турција.

Косовската клиника беше претресена од полицијата во 2008. година, откако еден турски државјанин колабирал на приштинскиот аеродром додека чекал да влезе во авион за Истанбул.

Судскиот процес го води ЕУЛЕКС, која е формирана со цел да му помогне на локалното правосудство во чувствителни случаи, откако Косово во 2008. година едностратно прогласи независност.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски