Уапсен контроверзниот босански политички ветеран Фикрет Абдиќ-Бабо

Од:

Припадници на Федералната полициска управа (ФУП) на Босна и Херцеговина денеска го уапсија началникот на општината Велика Кладуша, Фикрет Абдиќ, објавија босанските медиуми.

81-годишниот Абдиќ, кој е ветеран во босанската политика со почетоци уште во социјализмот, е уапсен по претрес во зградата на општината.

Како што објаснуваат од полицијата, станува збор за акција со име „Мрежа“, чија цел се неколку вработени во таа општина поради сомневање за злоупотреба на положбата и „коруптивни дејствија“.

Фикрет Абдиќ во времето на поранешна Југославија се истакнал како стопанственик и директор на локалниот гигант од Велика Кладуша Агрокомерц, а за време на војната во БиХ прогласил „автономна република Западна Босна“, која била во сојузништво со силите на Република Српска.

Долговечниот и контроверзен политичар со прекар Бабо беше избран за началник на Велика Кладуша пред четири години, и покрај тоа што претходно во Хрватска е осуден и одлежа десет години од 15-годишна затворска казна за воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски