Уапсен функционер на црногорската Агенција за национална безбедност

Од:

Функционерот на Агенцијата за национална безбедност во Црна Гора, Петар Лазовиќ, е уапсен по наредба на Специјалното државно обвинителство, пишуваат тамошните медиуми.

Тој е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело создавање криминална организација, објави „Подгорица вијести“.

Налог за апсење е издаден и по службеникот на полициската управа Љубо Миловиќ, кој заедно со Лазовиќ од страна на Европол беа идентификувани како членови на кавачкиот криминален клан.

„Во кривичниот предмет што беше повторно отворен во мај годинава, по наредба на главниот специјален обвинител, врз основа на материјалот на Европол и француските правосудни органи, поднесен во јули и декември минатата година, вработениот во Агенцијата за национална безбедност, П.Л., е лишен од слобода, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела создавање криминална организација, неовластено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги, шверц, недозволено држење оружје и распрскувачки материи и злоупотреба на службен став“, соопшти Специјалното државно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора