Уапсен е силувачот од Србија со кој таблоидот „Информер“ имаше интервју поради загрозување безбедност

Од:

Уапсен е Игор Милошевиќ, сериски силувач од Србија, кој пред неколку дена го интервјуираше Информер. Станува збор за таблоид близок до српскиот претседател Александар Вучиќ.

Милошевиќ е уапсен поради загрозување на безбедноста. Беше ослободен на 20 септември откако помина 15 години во затвор поради повеќекратни силувања, пишува Блиц.рс.

Лавина реакции предизвика интервјуто спроведено од новинарите на Информер. Серискиот силувач во својата исповед ги откри најмрачните детали од криминалните дела што ги направил.

Од неговото интервју е јасно дека тој е длабоко вознемирен човек кој уживал да ги вознемирува жените и се хранел со нивниот страв.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Девојка се обраќа на полицајци пред „Информер“: Уапсете ме, знам дека после ова нема да се вработам во оваа земја

А1он