Уапсен е осомничениот за убиството на семејството Ѓоќиќ

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, откри дека е уапсен осомничениот за убиството на семејството Ѓокиќ во селото Моравац кај Алексинац.

„Убиството на семејството Ѓоќиќ ја одврати и вознемири цела Србија. Тоа беше извршено на професионален, трпелив, методичен начин и очигледно беше подготвувано долго време. Благодарение на упорната и несебична работа на припадниците на полициската управа на Ниш, припадници на Полициската управа на Белград, како и на Управата за криминалистичка полиција, Основното јавно обвинителство Алексинац и Вишото јавно обвинителство Ниш, успеавме да дојдеме до едно лице за кое имаме основано сомнение дека тој учествувал во монструозното убиство на семејството Ѓоќиќ “, изјави министерот за внатрешни работи Александар Вулин, кој заедно со помошникот директор на полицијата и началникот на полициската управа за градот Белград, Веселин Милиќ, во Ниш разговараше со припадници на полицијата кои работат на расветлување на убиството на семејството Ѓокиќ.

Министерот Вулин нагласи и дека е пронајдена значителна сума пари кои припаѓале на убиеното семејство, а во просториите, односно на имотот што го користел осомничениот, пронајдени се и други предмети кои без никакво сомневање биле дел од ова страшно и монструозна убиство.

Осомничениот е приведен и од страна на Вишото јавно обвинителство Ниш му е одредена мерка притвор до 48 часа, поради постоење основи на сомнение дека учествувал во извршување на кривичното дело тешко убиство.

Припадниците на српското МВР продолжуваат да работат на расветлување на сите околности на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Трет приведен за убиството на лекарот во Железара

Катерина Ѓуровски

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Две тела се пронајдени во околината на Сомбор, истрагата е во тек

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“