Уапсен амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ поради проневера на пари

Од:

Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, бил уапсен денеска во Азербејџан, пренесе српски „Блиц“.

„Тој е обвинет за проневера на голема сума на буџетски средства, како и за други прекршувања, како дел од истрагата што ја поведе претседателот на тендерската комисија на Министерството за надворешни работи, Фархад Мола, против неколку службени лица, за злоупотреба на положбата и сериозно нанесување на штета на интересите на земјата“, објави прес-службата на државната безбедност.

Според медиумите во Азербејџан, дипломатот е осомничен за проневера на средства наменети за надворешно-политички активности.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ рече дека амбасадорот на Азербејџан, Елдар Хасанов, не бил уапсен во Србија, туку во Азербејџан и дека тоа е внатрешна работа на таа земја.

„Тоа е внатрешно прашање на Азербејџан и нивните безбедносни и судски тела, Србија не се меша во тоа. Хасанов беше уапсен во Азербејџан“, додаде Дачиќ.

Апсењето на амбасадор Елдар Хасанов доаѓа во време на затегнати односи меѓу Србија и Азербејџан, поради обвинувањата на властите во Баку дека Србија испорачала минофрлачи и муниција во Ерменија, кои биле користени за време на конфликтот што избувна на азербејџанско-ерменската граница на 12 јули.

На 20 јули, Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја повика амбасадорката на Србија во Баку, Даница Веиновиќ, од која, заменик министерот за надворешни работи Калаф Калафов, „побара објаснување“ и Србија да го испита случајот.

Во писмената изјава за српските медиуми на 31 јули, амбасадорот Елдар Хасанов наведе дека тоа е „чувствително прашање“ за нив и дека не е изненадување „што испораката на српско оружје во Ерменија предизвика разочарување и длабоко жалење од страна на Азербејџан“.

„Затоа, азербејџанската страна од српска страна, во духот на стратешкото партнерство меѓу двете земји, очекува,официјална проценка за снабдувањето на Ерменија со оружје“, се наведува во писмениот одговор од азербејџанската дипломатска мисија во Србија.

На 7 август српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев за извозот на оружје и воена опрема во регионот и изрази решеност на Србија да не се меша во постојните спорови, почитувајќи ја неповредливоста на границите на земјите членки на ОН.

Четири дена подоцна, вицепремиерот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, отпатуваа во таа земја. Стефановиќ, исто така, на 4 август оствари средба во Белград и со амбасадорот  Хасанов.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов